Во Бугарија откриена гробница стара 1.800 години: Раскажува тажна семејна приказна

Два големи гробови откриени во северна Бугарија веројатно раскажуваат „тажна семејна приказна“ за богати римски земјопоседници чие дете починало пред нив во третиот век од нашата ера, велат археолозите.

Фото: Регионален историски музеј Велико Трново

Во декември 2023 година, земјоделец неочекувано пронашол гробници додека ја орал својата нива во селото Нова Варбовка. Бидејќи овој регион во антиката била римска провинција наречена Мезија, археолозите од Регионалниот историски музеј Велико Трново дошле да ги откопаат гробовите.

Фото: Регионален историски музеј Велико Трново

И двата гроба се изградени од тули, со малтер што ги покрива ѕидовите и голема варовничка плоча. Поголемиот од двата бил долг приближно 3 метри и содржел останки на двајца возрасни - маж и жена кои биле на возраст меѓу 45 и 60 години во моментот на смртта - закопани со накит, монети и керамички и стаклени садови.

Помал гроб, направен малку порано, содржел скелет на дете од 2 до 3 години и редок бронзен медалјон кој ја прикажува посетата на римскиот император Каракала (владеел од 198 до 217 година) во 214 година од н.е. на Пергамон во Мала Азија (денешна Турција), каде што го посетија храмот на Асклепиј, богот на лекувањето. Заедно, двата гроба може да го претставуваат последното почивалиште на семејството.

Фото: Регионален историски музеј Велико Трново
Фото: Регионален историски музеј Велико Трново

Некои од варовниците од гробниците се чини дека потекнуваат од каменоломи во близина на Никополис ад Иструм, римски и рановизантиски град основан од императорот Трајан во почетокот на вториот век.

„Оваа необичност и други индикации ме наведуваат да мислам дека покојниците се некако поврзани со територијата на Никополис ад Иструм“, изјави Калин Чакаров, археолог од Регионалниот историски музеј Велико Трново, во мејл за Live Scence.

Чакаров, кој ги ископа гробовите со колегите Недко Еленски и Мајкл Томанов, истакна дека медалјонот со Каракала може да укаже на малоазиското потекло на оние во гробовите, што би било во согласност со фактот дека Никополис ад Иструм бил изграден главно од доселеници од Мала Азија.

„Секако, бараме можност да направиме ДНК и други анализи кои нашиот музеј не може да си ги дозволи, за да видиме дали оваа хипотеза е точна“, рече Чакаров.

„Откривањето на такви гробници на територијата на Бугарија не е изненадување, бидејќи климата и почвата се многу добри за одгледување земјоделски култури. Веројатно тие се гробници на богати земјопоседници. Бидејќи во Долна Мезија било практика да живеат земјопоседници во потоплите месеци од годината и да бидат погребани на нивните имоти“, рече Иван Царов, директор на Регионалниот историски музеј Велико Трново.

Фото: Регионален историски музеј Велико Трново

Артефактите откриени за време на ископувањето сè уште се обработуваат во лабораторијата на музејот, каде што се подложени на конзервација и реставрација, рече Царов. Тука спаѓаат предметите користени за време на животот на покојникот, како и оние што би го следеле во задгробниот живот. Освен стаклена мониста и златен накит, имало и шест монети кои датираат помеѓу 200 и 225 година од нашата ера, како и светилка, кожен чевел и неколку стаклени шишиња, од кои три биле „лакримарија“, ампули за собирање на солзите на ожалостените.

„Мислам дека тоа е тажна семејна приказна од првата половина на 3 век. Мртво доенче, закопано од родители, кои своето последно почивалиште го нашле на истото место каде што го закопале своето дете“, рече Чакаров.

Чакаров планира да изврши работа во областа за да се обиде да открие каде живееле овие луѓе, за кои смета дека најверојатно биле блиску до новооткриените гробишта.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе