Во Чичен Ица откриена камена плоча со двајца играчи со топка и хиероглифи

За време на ископувањата во Црвената куќа на локалитетот Чичен Ица, археолозите откриле камена плоча поврзана со познатата ритуална игра на древните Маи.

Сместен северно од полуостровот Јукатан, Чичен Ица бил еден од најголемите и најважните градови на Маите. До распадот на цивилизацијата на Маите, градот имал огромна политичка моќ, иако во екот на својата моќ се сметал за свето место изградено околу сеноте во која што се принесувале жртви на боговите.

Сепак, неговата важност ги надмина границите на времето и овој прекрасен археолошки локалитет беше впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1988 година, а во 2007 година беше прогласен за едно од чудата на новиот свет.

Ретко откритие поврзано со свет ритуал на Маите

Покрај тоа што секоја година привлекува илјадници туристи, Чичен Ица е рај за археолозите. Едно од најновите откритија го направи археолошки тим од Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја во архитектонскиот комплекс Каса Колорадо, познат и како Црвената куќа, или Чичанчоб. Токму на овој простор е пронајдена камена плоча поврзана со игра со топка која датира од раниот посткласичен период, т.е. од 750 до 1050 година.

URL

Со пречник од 32,5 сантиметри, дебелина од 9,5 сантиметри и тежина од околу 40 килограми, парчето е наречено Диск на играчите со топка (Disco de los Jugadores de Pelota) поради барелефот околу иконографската внатрешност на која се поставени две фигури протолкувани како играчи со топка. Го открила археологот Лисбет Беатрис Мендикути Перес во структурата 3C27. Ознаката во седиментната карпа е пронајдена во превртена положба и на 58 сантиметри од површината, што ги навело археолозите да претпостават дека станува збор за дел од источниот лак на ѕидот. Како и дека неговата сегашна положба е последица на колапс.

„На овој археолошки локалитет хиоероглифските записи се ретки, а камо ли комплетен текст, такво откритие овде не се случило повеќе од 11 години“, вели Франсиско Перес. Можно е оваа камена плоча да се користела за да се одбележи некој важен настан што се одржал на теренот во Каса Колорада, многу помал од Големиот терен - исто така сместен во Чичен Ица.

Хиероглифската лента, присутна на предната страна, е широка приближно 6 см и опкружува сцена со дијаметар од 20 см. Иконографската и епиграфската студија на ова парче, предводена од археологот Сантјаго Алберто Собрино Фернандес, идентификувала две фигури како играчи што стојат пред топка и 18 натписи што го содржат датумот 2 Eb 10 Cumku, што укажува на 894 година.

„Ликот од левата страна нови покривач за глава од перја и појас кој претставува елемент во облик на цвет, веројатно нимфеа. Во линија со лицето се наоѓа пергамент, што го толкуваме како здив или глас. Противникот носи покривач за глава познат како змиски турбан, што може да се види на повеќе претстави во Чичен Ица“, наведува Фернандес.

Ритуална игра со топка

Всушност, ова бил еден од најславните и најпознатите ритуали кај древните Маи. Играта ја рекреирала битката помеѓу силите на темнината и силите на светлината, а во случај да се играла со специјална цел, а не само од забава, се случувало и на крајот победничката екипа да била жртвувана на боговите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе