Во Египет откриени непознати ритуали со обезглавување соколи

Група археолози кои ги истражуваат древните остатоци во пристанишниот град Береника во Источен Египет, открија светилиште кое обезбедува докази за претходно непознати древни ритуални практики од доцниот римски период.

Во античкиот период овој град бил познат како Вереника Троглодитика, а бил основан во III век п.н.е. од македонскиот владетел Птоломеј II Филаделф кој го именувал во чест на неговата мајка Вереника, сопруга на родоначалникот на Птоломејската династија - Птоломеј I Сотер, еден од генералите на Александар Македонски. Второто име на градот, Троглодитика, потекнува од домородното население. Со векови служел како трговски центар што ги поврзувал источниот брег на Африка, Индија и Арабија и служел главно за транспорт на воени слонови. Последните ископувања извршени во внатрешноста на остатоците од верскиот комплекс покажуваат дека откритието е поврзано со присуството на Блемеи.

А кои се Блемиите? Тие биле номадски народ кој ја населувал Источната пустина во периодот од VII век п.н.е. до VIII век од н.е.. Во античките извори, тие прв пат се споменуваат во една од песните на Теокрит и од Ерастотен - кој наведува дека тие живеат во земјата помеѓу Нил и Црвеното Море. По најновите истражувања, било утврдено дека тие ја окупирале и контролирале Вереника некаде помеѓу IV и VI век, а храмот во верскиот комплекс - кој истражувачите го нарекле Сколово светилиште, бил преуреден и адаптиран за нивните потреби.

URL

„Материјалните наоди пронајдени во храмот се исклучителни и вклучуваат понуди како харпуни, статуи во облик на коцка и стели кои укажуваат на религиозни активности што се случувале овде“, вели археологот Џоан Олер. До нив се откриени остатоци од околу 15 обезглавени соколи кои биле закопани заедно со јајца. Култот на соколот бил исклучително распространет во древниот Египет, но овој тип на погребување досега не е евидентиран на ниту еден археолошки локалитет.

Освен траги од непознати ритуални практики, научниците нашле и натпис на стелите: „Овде е забрането да се вари главата“. Се претпоставува дека зборовите служеле како предупредување со цел да се објасни дека вриењето животински глави е профан чин и е религиозно забранет.

URL

Олер објаснува дека таа и нејзиниот тим по анализата заклучиле дека сите елементи укажуваат на ритуалните активности на Блемеите, кои, по освојувањето на Вереника, ги прилагодиле своите религиозни верувања на традиционалните египетски. Студијата е објавена во американскиот археолошки магазин American Journal of Archaeology.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе