Во Германија ќе бидат анализирани и објавени сите говори на Хитлер

Говорите што нацистичкиот водач Адолф Хитлер ги одржал помеѓу 1933 и 1945 година, за време на нацистичкото владеење, систематски се анализираат во Германија од група научници кои ќе ги направат достапни на јавноста со придружни објаснувања и контекст.

Проектот се очекува да трае седум години и има за цел да ги идентификува и анализира сите говори на Хитлер за прв пат и да ги направи достапни за академскиот свет и пошироката јавност преку критичко издание, објавија научниците на крајот на неделата во Манхајм.

Заедничкиот проект го спроведуваат Фондацијата Германска радиодифузна архива, Универзитетот Гете во Франкфурт, Институтот за современа историја Минхен-Берлин, Институтот за германски јазик во Манхајм и Универзитетот во Марбург.

Текстови и аудиоснимки

Целта е сите релевантни текстови и аудио снимки да бидат достапни во научно веродостојна форма.

„Фактите и контекстите се објаснети во прибелешки според моменталната состојба на истражувањето, а кратките биографии ги претставуваат споменатите личности“, велат истражувачите.

Објаснувањата ќе бидат објавени во печатена и дигитална форма, велат оттаму. Преживеаните аудиоснимки ќе може да се пребаруваат и анализираат.

Проектот е финансиран од Германската истражувачка фондација, интердисциплинарна организација за промоција на науката и истражувањето во Германија.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе