Во Грција 2.198 новозаразени со коронавирус, починаа 59 лица

Атина, 16 ноември 2020 (МИА) –  Бројот на новозаразени со коронавирусот во Грција повторно е над 2.000, односно, 2.198, додека пак починаа 59 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, приклучени на апарати се 400 лица, осум повеќе од вчера.

Од новите случаи, 491 се во Солун, а 492 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Бројот на заразени во Солун е намален во споредба со изминатите денови, меѓутоа зголемен е бројот на хоспитализирани лица, со оглед на тоа дека слободни се само 5 отсто од ковид- креветите на Одделите за интензивна нега, односно десет кревети од вкупно 182.

На ниво на цела Грција, од 588 кревети на Одделите за интензивна нега во грчките болници наменети за пациенти болни од COVID-19, слободни се 21 отсто, односно 125.

Вкупниот број кревети наменети за лекување на позитивни случаи на коронавирусот е 5.629, а хоспитализирани се вкупно 3.527 пациенти.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека следните денови се клучни за текот на пандемијата во земјата.

-Оваа седмица ќе видиме две контрадикторни работи, кои граѓаните треба да ги разберат. Прво, ќе продолжи зголемениот притисок врз здравствениот систем. Приемите на Одделите за интензивна нега и интубацијата, за жал и смртните случаи, ќе бидат високи и оваа седмица. Ова е затоа што оваа седмица ќе ги видиме последиците од високиот број случаи од претходните недели. Од друга страна, бројот на случаи постепено ќе опаѓа во текот на следниот период, објасни Пецас.

Објасни дека во овој момент Владата не размислува за дополнителни рестриктивни мерки, а во однос на тоа дали карантинот ќе биде до крајот на месецов како што беше најавено или ќе биде продолжен, рече дека се ќе зависи од епидемиолошките податоци.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 76.403 случаи на COVID-19, а се регистрирани 1.165 смртни случаи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе