Во иднина нема да се водат војни за нафта, туку за чипови

Често се вели дека трите најголеми фактори во глобалната политика и војните се: нафтата, земјата и религијата. Сепак, според првиот човек на компанијата Intel, чиповите добиваат сè поголемо значење.

Првиот човек на компанијата Intel, Пат Гелсинџер, на Светскиот економски форум во Давос изјави дека локациите на нафтените резерви ја дефинирале геополитиката во претходните 50 години и дека во следниот половина век многу поважен фактор ќе биде „каде се технолошките синџири на снабдување и каде се произведуваат чиповите“.

Покрај своите фабрики во Орегон, Ново Мексико и Аризона, Intel гради нови капацитети во Охајо додека ги проширува своите меѓународни операции во Израел, Ирска, Малезија, Германија и Италија. Компанијата се очекува да инвестира 20 милијарди долари во своите фабрики во САД, како и до 90 милијарди долари во европските фабрики. Гелсинџер вели дека придобивките од овие инвестиции нема да ги почувствува само Intel, туку дека тие ќе бидат од суштинско значење за „глобализацијата на најкритичниот ресурс“, додавајќи дека им е потребен „географски избалансиран и еластичен синџир на снабдување“.

Недостигот на полупроводници предизвикан од пандемијата го погоди речиси секој производ што содржи чип, вклучително и возилата. Последиците од оваа криза ги натераа САД да го усвојат законот за чипови вреден 280 милијарди долари, од кои 52 милијарди се наменети за субвенционирање на производителите на чипови.

„Ако научивме нешто од повеќегодишната криза предизвикана од Ковид, тоа е дека ни требаат поотпорни синџири на снабдување“, рече Гелсинџер.

Друг важен фактор за диверзификација на синџирите за снабдување со полупроводници е Тајван. Извозот на чипс од оваа земја, која испорачува 50 отсто од светскиот пазар, лани порасна за 18,4 отсто. Гелсинџер претходно предупреди на опасностите од потпирање на островската држава поради зголемените тензии меѓу Тајван и Кина.

„Тајван не е стабилно место“, рече извршниот директор во 2021 година. „Пекинг испрати 27 воени авиони во нивниот воздушен простор. Дали тоа ве прави да се чувствувате повеќе или помалку удобно?“

Зборовите на Чен Венлинг, главен економист во кинескиот центар за меѓународна економска размена, кој минатата година рече дека Кина мора да го заземе TSMC во случај на инвазија на Тајван, само дополнително ја зголемуваат оваа загриженост. Како одговор на ваквите закани, генералниот директор на Бирото за национална безбедност на Тајван рече дека Кина може „да ја фати златната кокошка, но не и златните јајца“, алудирајќи на наводните американски планови да ги уништат нивните објекти доколку кинеската војска стапне на нивно тло.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе