Во Канада пронајдена англиска монета искована 70 години пред откривањето на Америка

Откривањето на златната паричка на јужниот брег на Њуфаундленд во Канада би можело да го доведе во прашање историскиот наратив за прв европски контакт во регионот, бидејќи првото доаѓање од Европа на тој остров се случило најмалку 70 години откако била искована паричката.

Во соопштението за јавност објавено минатата недела, владата на Њуфаундленд и Лабрадор информираше дека англиската монета била пронајдена летоска од страна на Едвард Хајс, локален историчар, кој согласно законот за историско наследство пронајдокот го пријавил кај локалните власти. Монетата стара 600 години му претходи на првиот документиран контакт на Европа со Северна Америка.

По консултација со Пол Бери, поранешен кустос на Музејот за пари на Канадската банка, било востановено дека паричката е од периодот на Хенри VI и дека била искована во Лондон помеѓу 1422 и 1427 година. Паричката денес би имала вредност од 61 американски долар.

Пред ова откритие, паричката искована во 1490-тите години која беше пронајдена во 2021 година на локалитетот Кјупидс Ков Плантејшн се сметаше за најстара англиска монета пронајдена во Канада.

Со оглед на тоа што Бери смета дека паричката веројатно била вон оптек кога била изгубена, постојат многу претпоставки за тоа како точно паричката стигнала до Њуфаундленд и Лабрадор. Точната локација каде е откриена се држи во тајност за да не се охрабруваат ловците на богатство.

Во интервју за CBC, археологот Џејми Брејк вели дека по завршување на испитувањата паричката ќе биде јавно изложена во музејот The Rooms во главниот град на провинцијата Сент Џон.

Приказните за доаѓањето на Викинзите се содржани во исландските саги, вклучувајќи ги посетите на Леиф Ериксон пред повеќе од 1.000 години и археолошки докази за нордиска населба пронајдена во Л'Анс о Медоус, која беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 1978 година.

Други непотврдени извештаи за европски контакт вклучуваат приказни од англиските Каналски Острови за брод кој кон крајот на XV век скршнал од курсот во чудна земја „полна со риби“.

Во 1583 година, Њуфаундленд станал првиот посед на Англија во Северна Америка, а воспоставувањето рибарство на надворешниот брег на островот му оневозможило на домородното население пристап до изворите со храна.

„Некое време има одредени сознанија за присуството на Европа пред XVI век, исклучувајќи ги Викинзите. Можноста за окупација пред XVI век би била неверојатно откритие“, рече археологот Брејк.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе