Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 36 пациенти, вкупно се лекуваат 470 болни

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 470 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, соопштија денеска од Министерството за здравство,на интерните клиники имало вкупно 14 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени двјца нови болни, исто колку и во ковид-центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 11 болни.

Во изминатите 24 часа, информираат од МЗ, дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 24 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 102 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

– Вкупно 470 пациенти потврден и сомнителн на COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, се наведува во соопштението од МЗ.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот, информираат од МЗ, имало 46-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

– Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението од МЗ. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе