Во норвешка реклама Дедо Мраз си фати дечко

Норвешката поштенска служба објави реклама каде се зборува за хомосексуална врска помеѓу Дедо Мраз и човек по име Хари и која предизвика низа реакции како во земјата, така и на Стариот континент.

Создадена со цел да ја одбележи 50-годишнината откако Норвешка ја декриминализира хомосексуалноста, рекламата наречена „When Harry Met Santa“ ја отсликува љубовната афера помеѓу норвешки маж и самиот Дедо Мраз. Неколку години Дедо Мраз го посетува Хари, при што двајцата се вљубуваат еден во друг.

Рекламата завршува со страстен бакнеж помеѓу нив, за потоа Posten, норвешката поштенска служба, да ги преземе пратките на Дедо Мраз и да продолжи да ги доставува во текот на ноќта.

ЛГБТ групите и групите за права на хомосексуалците рекламата ја оценија како „силна и трогателна порака за прифаќање“.

Remote video URL

Но, рекламата предизвика лавина негативни реакции не само во Норвешка, туку низ цела Европа. Многумина беа згрозени од тоа што е искористен еден детски лик како Дедо Мраз.

„Оставете го Дедо Мраз на мира!“, „Зошто во денешно време сѐ мора да се прави геј?“ и „Сексуализирањето на Дедо Мраз е едноставно погрешно... дали геј или стрејт. Рекламава е морничава и вознемирувачка!“ се некои од коментарите.

Последниве години особено стана масовна злоупотребата на новогодишните и божикните празници за различни побуди, од климатски промени до истополови бракови. Дедо Мраз не е единствен кој се вплеткува во оваа „војна“ бидејќи некои божикни песни станаа забранети откако беа оценети дека во нив има премногу сексуалност. На некои места песната „Baby It’s Cold Outside“ стана забранета поради стихот „ја видов мама како го бакнува Дедо Мраз“.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе