Во Ротимља одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјето во Ротимља, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, беше одбележана 20-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот.

На спомен-обележјето кај Ротимља, каде што се случи несреќата, свежо цвеќе положија и претставници од владината делегација, составена од: министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, полковник Билјана Блажеска, претставник од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, пратеници од македонското Собрание, како и претставници од Армијата на Република Северна Македонија, ЕУФОР – Босна и Херцеговина.

Од име на Владата на Република Северна Македонија, а во чест и спомен на поранешниот претседател Борис Трајковски, пригодно обраќање имаше шефот на делегацијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Oва спомен-обележје не е само паметник на трагичниот миг. Ова е потсетник за сите генерации дека Македонија имала и има доблесни и решителни луѓе, кои, следејќи ја својата визија, својот сон, имаа храброст да гледаат во иднината. Денес, нашата земја е членка на НАТО и на дофат ѝ е членството во Европската Унија. Визијата на Трајковски ме остава во уверување дека и сега тој не би се двоумел што е најисправно да се направи иако и самиот тој знаел дека луѓето со визија се осудени да бидат подоцна разбрани“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање.

Пред спомен-обележјето заедно со македонската делегација почит оддадоа и високи претставници од Босна и Херцеговина и од градот Мостар.

На денешен ден, 26 февруари 2004 година, во авионска несреќа загинаа поранешниот претседател Борис Трајковски и осумчлената делегација, која патуваше на меѓународна конференција во Мостар. Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија: портпаролот Димка Илкова-Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи, Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе