Во Скопје, Тетово и Гостивар се 64% од активните случаи на COVID-19

Бројот на активни случаи на COVID-19 во земјавa изнесува 10.380, од кои над половина или 5.562 се регистрирани само во последните пет дена. Една третина од активните случаи се во Скопје - 3.421, додека над 64% се само во три града: Скопје, Тетово и Гостивар.

Болниците во Тетово и Гостивар се преоптоварени, а секој пациент на кој што му е потребно болничко место, по претходна најава се праќа во Скопје. Болничките капацитети се делумно оптоварени и во Кичево и Струга.

Граѓаните мора да знаат дека додека сите не се вакцинираме, ова нема да престане и тоа е единствениот спас, укажа вчера министерот за здрваство Венко Филипче, и ги повика граѓаните да се вакцинираат, повторувајќи дека вакцини има од сите типови и во доволно количини.

– Има јасни меѓународни препораки од релевантни институции дека природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а  вакциналниот имунитет е потраен. Сите препораки укажуваат за што пократко време луѓето да се имунизираат. Така ќе се зголеми степенот на вакцинација и ќе се постигне колективен имунитет. Треба да спречиме следни бранови, ова мора да го прекинеме, изјави Филипче.

Над 650 илјади граѓани досега примиле барем една доза вакцина, а поради зголемениот интерес за вакцинирање, од следната недела повторно се отвора пунктот во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Тоа ќе биде малата сала, не големата, и ќе има 20-ина места каде што ќе може да се спроведе вакцинација. Верувам дека тоа ќе ги растовари метежите и редиците што ги имаме пред здравствените домови, порача Филипче.

Според податоците од Министерството за здравство, во претходното деноноќие биле регистрирани 1.250 нови случаи на COVID-19, а пријавени се 22 починати лица, на 20 август – 1.074 новозаболени и 22 починати, на 19 август – 1.158 новозабилени и 19 починати, на 18 август 1.081 новозаболени и 15 починати и на 17 август 999 новозаболени и 14 починати.

Само во периодот од 17 до 21 август починати се вкупно 94 лица, додека последен пат без починат пациент е 3 август.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:  Скопје – 3.421 активен случај, потоа следат Тетово – 1.754, Гостивар – 1.518, Куманово – 656, Кичево – 524, Струмица – 481, Струга – 308, Охрид – 284, Битола – 187, Дебар – 173, Прилеп – 141, Штип – 109, Велес – 107, Кавадарци – 102, Кочани – 88, Ресен – 83, Радовиш – 61, Свети Николе и Берово – по 52, Гевгелија – 40, Македонски Брод – 37, Валандово – 35, Кратово – 34, Виница – 33, Делчево – 22, Пробиштип – 13, Богданци – 12, Крива Паланка и Пехчево – по 10, Неготино – 9, Демир Хисар – 8, Крушево – 6, Македонска Каменица – 5, Демир Капија – 3 и Дојран – 2 активни случаи.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380. Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на COVID-19.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе