Во среда е традиционалната меѓународна манифестација Празник на липите

Годинашната традиционална меѓународна манифестација „Празник на липите“ ќе се одржи во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија на 14 јуни, со почеток во 11 часот.

Манифестацијата вообичаено почнува со интерпретацијата на песната „Липа“ од Матеја Матевски, која годинава ќе ја прочита минатогодишната добитничка на наградата Книжевен жезол, поетесата Гордана Михаилова-Бошнаковска.

Потоа претседателот на Друштвото на писателите на Македонија свечено ќе ја отвори манифестацијата и ќе говори за поезијата на Новица Ѓуриќ, поет од Црна Гора, годинашен добитник на наградата Книжевен жезол за поетски опус.

За поезијата на Весна Ацевска, годинашен добитник на наградата Книжевен жезол за поетски опус, ќе зборува Владимир Мартиновски.

Лауреатите Ѓуриќ и Весна Ацевска, покрај плакетите, ќе добијат оригинални статуи на Книжевниот жезол, изработени во длаборез, а ќе биде објавена и промовирана и нивната заедничка книга „Поезија“.

Свеченоста ќе заврши со врачувањето на плакетите за наградите Празник на липите за најдобри творби на тема „Липа“, а годинашни добитници се Славица Дабевска-Ќировска (за песна), Михајло Свидерски (за расказ) и Трајче Кацаров (за есеј).

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе