Во тек аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) – Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за студенти кои ги исполнуваат законските услови, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право досега. Оваа можност е достапна од 20-ти до 30-ти односно 31-ви секој месец.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на само два документа – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

– Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата, соопшти Министерство за образование и наука.

Правото на субвенциониран студентски оброк досега го имаат остварено над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.

Тагови
реклама

Македонија

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Read more

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Read more

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе