Volkswagen ID.Buzz e електрично возило на годината

Новиот Volkswagen ID.Buzz беше крунисан за електрично возило на годината на престижните Top Gear Electric Awards 2022.

Судиите го пофалија оригиналниот дизајн на ID. Buzz, инспириран од легендарниот Volkswagen T1. Супериорните возни карактеристики и импресивното управување, меѓу другите квалитети, се истакнати како клучни фактори во изборот.

Уредниците на Top Gear беа првенствено импресионирани од количината на простор во ID.Buzz, особено багажниот простор, кој за споредба е двојно поголем отколку кај повеќето теренци.

Оли Мариџ, шеф за тестирање возила во Top Gear, вели: „Луѓето кои се преправаат дека водат активен живот возат теренци, а оние кои се навистина активни возат Volkswagen Buzz. Сите ни рекоа дека им се допаѓа фактот што брендот успеал повторно да го открие својот магичен шарм преку свежиот, енергичен дизајн на ID.Buzz  што маѓепсува со својата едноставност, а во исто време делува инспиративно. И затоа го избравме за електрично возило на годината“.

ID.Buzz е направен на модуларна електрична платформа (MEB), и е фундаментално и бескомпромисно конструиран како електрично возило. По претставувањето ќе се нуди во патничка верзија со 5 седишта и во верзија со ID. Buzz Cargo како возило за достава.

Сиан О'Брајан, директор на Volkswagen Commercial Vehicles UK, на свеченото доделување на наградите рече: „Како бренд, ние сме на важен пат кон електрификација и долгоочекуваниот проект ID.Buzz го означува почетокот на ова возбудливо искуство. Можноста да се претстави автомобил со атрактивен дизајн, кој ја отелотворува идејата за одржлив развој, е одличен начин да им покажеме на нашите клиенти дека можат да уживаат во патувањето и во исто време да имаат позитивно влијание врз животната средина. Тешко е да се замисли подобар начин да се прослави претставувањето на ова возило од престижната награда за електрично возило на годината од Top Gear.“

Remote video URL
реклама

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе