Караваните на компактните модели стануваат сè поинтересна опција за сите оние кои бараат повеќе простор и функционалност. Добар пример за ова е и VW Golf, чија Variant изведба претставува одлична алтернатива.
Новиот Golf 8 доби и Variant изведба. Возилото е долго 4,63 метри и има меѓуосовинско растојание од 2,68 метри. Капацитетот на багажникот е 611 литри, а со спуштање на задните седишта се зголемува на 1.642 литри.
Variant R изведбата доаѓа со 2.0 литарски TSI мотор, а во игра е и Alltrack изведба со зголемена висина на подот и пластични заштитни облоги, со која Golf влегува во кросовер територија, а ќе има 2.0 TDI мотор со 200 КС.
Продажбата на Golf Variant во Европа ќе започне од крајот на годинава.