Волстрит падна на првиот работен ден од новата година

На Волстрит вчера, првиот работен ден од новата година, значително паднаа индексот S&P 500 и Nasdaq, што главно беше резултат на наглиот пад на цените на акциите на технолошките гиганти Tesla и Apple. Dow Jones загуби 0,03 отсто, на 33.136 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,40 отсто, на 3.824 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,76 отсто, на 10.386 поени.

Слабиот почеток на годината на најголемата светска берза во голема мера се должи на падот на цената на акцијата на Tesla за 12 отсто, откако производителот на електрични автомобили објави пониски од очекуваните испораки во последниот квартал од минатата година.

Притисокот врз S&P 500 и Nasdaq индексот е и резултат на падот на цената на акциите на Apple за 3,7 отсто, по извештаите во азиските медиуми за слабата побарувачка за iPhone-и и намалувањето на производството во Кина. Значително паднаа и цените на акциите во енергетскиот сектор, во просек за 3,6 отсто, бидејќи цената на нафтата падна поради стравувањата на трговците од слабеење на економскиот раст, а со тоа и на побарувачката.

„Минатата година беше ужасна“

Така, во првиот работен ден од новата година продолжи падот на цените на акциите, откако минатата година индексот S&P 500 потона за повеќе од 19 отсто, што беше негов најголем пад од светската финансиска криза во 2008 година.

Ова беше резултат на агресивните зголемувања на каматните стапки од страна на американската централна банка за да се ограничи инфлацијата, која во средината на годината го достигна највисокото ниво во последните 40 години.

„Минатата година беше ужасна за берзата. Причините за тоа не исчезнаа само затоа што започна новата година. Инвеститорите се уште се загрижени за инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки од страна на ФЕД. Додека ситуацијата не стане појасна, тешко е да се очекуваат значителен пораст на пазарот“, вели Мајкл Џејмс, директор во Wedbush Securities.

Се чека нова седница на ФЕД

Инфлациските притисоци се намалија во последните месеци, поддржувајќи ги надежите дека ФЕД наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на стапките, но инвеститорите стравуваат дека економијата ќе западне во рецесија оваа година и каматните стапки ќе останат високи подолго од очекуваното.

Затоа, во среда, инвеститорите ќе се фокусираат на објавување на записникот од минатогодишниот состанок на ФЕД, што би можело да им обезбеди на инвеститорите нови насоки.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа втор ден по ред. Лондонски FTSE индекс зајакна за 1,37 отсто, на 7.554 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,80 отсто, на 14.181 поен, а париски CAC 0,44 отсто, на 6.623 поени.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе