РАКОМЕТНА СУПЕР ЛИГА 2021/22

Возбудливо ракометно реми на дербито во Битола

Пелистер и Вардар прикажаа одлична ракометна претстава на големото дерби во Битола кое на крајот заврши со поделба на бодовите.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Некаде до половината на првиот дел дуелот безе израмнет, а потоа на сцена стапи Борко Ристовски и со неколку одбрани допринесе за разлика. Гостите од Скопје беа подобри во остантиот дел и на пауза заминаа со 13:17.

За време на полувремето навивачите се одзваа на апелот на РК Еурофарм Пелистер и ја исполнија салата со плишани играчки кои ќе завршат како новогодишен подарок за децата од ранливите категории.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

После паузата Пелистер често доаѓаше на -2 разлика, која Вардар успешно ја одржуваше. Кон крајот на натпреварот со исклучувањето на Стојанче Стоилов домашните прво намалија на гол разлика, за потоа на две минути пред крајот конечно да дојдат и до израмнување од 26:26.

Самиот финиш донесе уште два гола, двата од седум метри. Прво Стипе Мандалиниќ погоди за водство на битолчани, а потоа Тимур Дибиров израмни, исто така од пенал, за конечни 27:27.

Најефикасен на натпреварот беше вардарецот Анте Гаџа со 8 гола, 7 постигна домашниот Стипе Мандалиниќ, а по 6 Немања Обрадовиќ од редовите на битолчани и Жереми Тото од таборот на гостите од Скопје.

Со ваквиот развој на настаните нема промени на табелата каде Пелистер останува прв благодарение на подобрата гол-разлика. Двата тима имаат по 40 бодови (13 победи, 1 нерешена и 1 пораз), но битолачни со подобра гол-разлика.

реклама

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе