Вреди: Со предложениот закон од ДУИ казина може да има и во училишните дворови

Какви тајни крие овој закон, кој Груби и партијата на зелената агенда сакаат тајно да го прошверцуваат, еднаш со европско знаме и еднаш со сицилијанско знаме, прашуваат од коалицијата Вреди.

„Ние ќе им кажеме 'стоп' затоа што оваа измама не смее да помине. Односно, предлог-законот на ахметистите во член 10 предвидува отстранување на објектите на обложувачниците, но не и на казината, на минимално растојание од 500 метри од објектите на средните и основните училишта. Со предложениот закон казина може да има и во училиштните дворови. Односно, член 10 прави поделба и брои само неколку видови игри на среќа оставајќи простор за да процветаат уште повеќе 'казина- масакри'. Овој член намерно не ги покрива казината“.

„Со донесувањето на овој закон Артан Груби наводно ќе затвори неколку обложувачници за да му отвори пат на бизнисот на казината исклучиво за една екипа на српското подземје. Значи, 'да' на Русија преку Србија. Уште еднаш повторувам, членот за отстранување на игрите на среќа 500 метри од училиштата не ги вклучува казината. Значи, тие не само што нема да се намалуваат туку ќе се множат, со што ќе се зголеми бројот на апарати за да ги одерат уште повеќе граѓаните. Итно бараме од сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население“, додаваат од коалицијата Вреди.

Итно бараат, како што велат, не само 500 метри, туку целосно да се отстранат и не само обложувачниците, туку и казината.

„Покрај проектот 'казина во секоја уличка', Артан сега успешно го спроведува проектот казина во секоја куќа давајќи 4 лиценци за онлајн-казина на компании, каде што партнер е Прпарим Бајрами, сега добро позната личност, која ги извршува наредбите на кланот. Прашуваме јавно – вреди ли целиот овој масакр на народот?“, прашуваат од оваа коалиција.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе