Вучиќ: Вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата на која беше најавен почетокот на масовната имунизација во Србија, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег и дека Србија може да биде задоволна само ако и соседите се задоволни, јави дописникот на МИА од Белград.

„Разговаравме со Северна Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Би сакал да констатирам дека нема ништо да ни вреди сите нас да бидеме здрави, а луѓето во соседството да имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако дека треба да му помогнете на некого кога му е тешко, онолку колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. На премиерот Зоран Заев, кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Северна Македонија, ова ја покажува и нашата одговорност дека не живееме во затворен сад, туку дека мора да размислуваме и за нашите комшии, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека доколку утре Република Српска и Босна и Херцеговина и Албанија побараат вакцини, дека исто така ќе помогне. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе