Вухан го заврши масовното тестирање на 11 милиони жители

Б.С.Б.
/ 03.06.2020 / 10:45

Вухан, 3 јуни 2020 (МИА) –  Кинескиот град Вухан го заврши масовното тестирање на сите речиси 11 милиони жители за евентуално присуство на коронавирусот во нивните тела. Во тестирањата се откриени 300 асимптоматски вектори и нема активни случаи на COVID-19.

Овие 300 лица, кои немаат симптоми на инфекцијата, биле испратени во изолација.

Пандемијата на коронаравирусот се верува дека потекнува од Вухан, град што потоа беше во карантин 76 дена и во кој беа регистрирани околу 50.000 заразени.

Тестирањето беше спроведено во втората половина на мај и го опфати секој жител на градот кој веќе не бил тестиран. Не се тестираа само децата под шестгодишна возраст, пренесуваат британските медиуми.

-Ова е исклучително ретко во светот. Не само што ја покажа самодовербата и решеноста во борбата против епидемијата, туку Вухан служи и како патоказ за другите градови во превенцијата, изјави експертот од Национална здравствена комисија Ли Ланџуан.

Заменик-градоначалникот Ху Џабо изјави дека градот Вухан потрошил 126 милиони американски долари на тестовите, што, како што кажа, вредеше, бидејќи Вухан сакал да ги увери жителите и луѓето ширум Кина дека епидемијата е минато и за повторно да ја рестартира локалната економија, објави Ксинхуа. 

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе