Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе одобри испорака на муниција со осиромашен ураниум во Украина, пишува американскиот дневен весник The Wall Street Journal.
Според весникот, кој се повикува на извори од администрацијата на Бајден, по неколкунеделна внатрешна дискусија за начините на опремување на тенковите Abrams што Америка ги испрати во Киев, се очекува Белата куќа да се согласи за пренос на гранати со осиромашен ураниум.
„Иако некои официјални лица наведуваат дека нема сериозна пречка за одобрување за испорака на муниција со осиромашен ураниум, други изразуваат загриженост затоа што Вашингтон може да се најде на удар на критики поради испраќање гранати што го загрозуваат здравјето на луѓето и животната средина“, пишува весникот.
The Wall Street Journal додава дека Белата куќа сѐ уште ја разгледува можноста за испраќање на касетна муниција, меѓу другите видови оружје.