YouTube Shorts сега овозможува сечење и ремиксирање видеа

YouTube воведе нова функција која им овозможува на корисниците да ремиксираат музички видеа и да ги претвораат во Shorts.

Новата функција овозможува да приспособите различни параметри, од цело музичко видео до создавање на нешто сосема уникатно. Ако ова ве потсетува на TikTok, дефинитивно има причина.

За користење на новата функција потребно е да се допре копчето remix на музичкото видео, по што ќе бидат понудени четири опции: Sound, Green Screen, Cut и Collab, со тоа што може да се избере само една од нив. Алатката Sound го извлекува звукот и му овозможува на корисникот да го користи за сопствен YouTube Short. Ова е многу популарно на TikTok, со многу корисници кои синхронизираат усни со различни аудио клипови. Оваа алатка за звук е достапна за секое музичко видео и повеќето песни автоматски поставени на платформата.

Green Screen оди чекор понатаму и го претвора видеото во позадина, со која корисникот може да танцува или да прави нешто друго. Алатката Cut отсекува само клип од 5 секунди од видеото, кој потоа може да се додаде на кој било Short.

Конечно, функцијата Collab создава side-by-side видео, што всушност е корисничка снимка поставена заедно со оригиналната содржина. YouTube вели дека ова е совршена опција кога „вие и вашите пријатели сакате да ја покажете кореографијата со оригиналниот изведувач“.

Функцијата е веќе достапна во мобилната апликација, иако можеби не стигнала до сите корисници.

За да проверите, стартувајте ја апликацијата, кликнете на музичкото видео и побарајте ја опцијата remix. Треба да се каже дека многу од овие функции се веќе достапни за креаторите на Shorts, но не во еден практичен таб.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе