За 10,7 отсто намален бројот на починати од COVID-19

Скопје, 8 декември 2020 (МИА) – Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември тестирани се вкупно 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2,  што е намалување од седум отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.610; 40,4 отсто), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=1.639, 25,4 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1.244; 19,2 отсто), од 40 до 49 години (n=1.222; 18,9 отсто), од 50 до 59 години (n=1.217; 18,8 отсто) и од 20 до 29 години (n=791; 12,2 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=107; 1,7 отсто) и од 10 до 19 години (n=243; 3,8 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7 отсто во однос претходната недела на известување. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од од 50 до 59 години, пет смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и еден случај во возрасната група од 30 до 39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со COVID-19 за периодот од 30 ноември до 6 декември, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Хоспитализирани 1.296 КОВИД пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 818 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид  – центарот во Гостивар 71, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 36 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар седум позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе