За Трамп бесплатно, за просечниот Американец „изгор“: Колку чини лекување од COVID-19?

МИА/КАЈГАНА
/ 07.10.2020 / 17:58

Весникот New York Times објави текст со наслов „Колку би ги чинело повеќето Американци лекувањето од коронавирус ако беа лекувани како американскиот претседател Доналд Трамп“.

Ова е дел од истрагата на американскиот весник за трошоците за тестирање и терапијата за коронавирус во земјата, како и за тоа како пандемијата ја менува здравствената заштита во САД.

Трамп помина три дена во болница. Тој беше однесен и вратен во Белата куќа со хеликоптер. Беше подложен на бројни тестови за коронавирус, а исто така доби кислород, стероиди и експериментални лекови.

За некој кој не е претседател, трошоците ќе бидат повеќе од 100.000 долари во американскиот здравствен систем.

Најголемиот финансиски ризик не доаѓа од престојот во болница, туку од услугите, вклучително и транспорт со хеликоптер и повеќе тестови на коронавирус.

URL

Американскиот лидер го пофали високиот квалитет на здравствена заштита што го добил во воената болница „Волтер Рид“, а потоа со потценување зборуваше за ризикот од заразување со вирусот.

Во земјата речиси половина милион жители биле хоспитализирани поради COVID-19 досега. Некои пациенти добиле сметки во износ поголеми од 400.000 долари.

Трамп не мора да се грижи за третманот што го добива, бидејќи тестирањето и лекувањето му се покриени од федералната Влада. Сепак, многу Американци, вклучително и оние со здравствено осигурување, не можат да си дозволат таква медицинска нега.

Тестовите за коронавирус може да бидат прескапи. Обично чинат околу 100 долари, но во Тексас достигнуваат цени и до 6.408 долари. Во САД се извршени 108 милиони тестови. Терапија со лекот „ремдесивир“ чини 3.120 долари со приватно осигурување, а 2.340 долари со Медикер и Медикејд.

Трамп доби и експериментален лек со антитела од „регенерон“. Тој е достапен само за оние кои се вклучени во клинички испитувања и во некои особено тешки случаи.

Економистите почнаа да ја анализираат целосната цена на терапијата за COVID-19. Просечната цена за престојот на пациент над 60 години во болница е 61.912 американски долари. Ова вклучува медицинска нега во болница. Луѓето со здравствено осигурување плаќаат во просек 31.575 долари. Некои пациенти постари од 60 години плаќаат помалку од 26.821 долари за престој во болница, а други над 193.149 долари за подолг престој.

Користењето медицински хеликоптер е скапо во САД и повеќето планови за здравствено осигурување не го покриваат тоа. Во просек се плаќаат 38.770 долари. Во случајот на Трамп, кој беше пренесен и вратен со хеликоптер, трошокот за обичен Американец би можел да биде над 40.000 американски долари, иако луѓето најчесто не излегуваат од болница со хеликоптер.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе