За утре закажан состанок на Комисијата за заразни болести

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок.

– Состанокот на Комисијата за заразни болести е закажан за утре заради тоа што обично бројот на случаи од резултатите од изминатиот викенд не е реален. Во текот на утрешниот ден ќе ги разгледуваме новите податоци, рече Филипче.

Ревакцинација со AstraZeneca за три месеци, Филипче ќе се вакцинира со оваа вакцина кога ќе пристигне поголема пратка

Ревакцинацијата со вакцината за COVID-19, AstraZeneca ќе се спроведува за три месеци, тоа е препораката од компанијата што ја произведува и другите земји, наведе денеска министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека веќе пристигнатите дози ќе се искористат веднаш.

За граѓаните што ја искористија можноста и се вакцинираа во Србија, Филипче рече дека побарал да му биде испратен електрoнски список од истите, со цел ревакцинацијата да ја примат во нашата земја.

– Конкретно за вакцината AstraZeneca нашиот експертски тим ја презема препораката и од компанијата и од други земји, а тоа е дека ревакцинацијата треба да биде за три месеци, што значи дека сега сите овие вакцини ќе се искористат. Веќе имаме најава дека останатите количини би требало да стигнат во месец април. Тоа се до 100.000 кои би требало да стигнат до нашата земја. Јас утрово искомуницирав со српскиот колега Лончар, од кој што чекам да ми даде електронски податоци за наши граѓани кои што се вакцинирале, прво за да ги имаме во евиденција, а понатаму и за да ги испланираме за ревакцината да ја примат тука. Така да ставот за вакцината AstraZeneca е една доза, ревакцина после три месеци, за разлика од сите други, кај кои ревакцината е за три недели, образложи министерот за здравство.

На новинарското прашање, дали ќе имаме обезбедено доза за ревакцинација за три месеци, министерот одговори дека апсолутно ќе имаме, посочувајќи дека веќе овој месец треба да стигнат 76.000 дози од AstraZeneca исто така преку КОВАКС механимот кои ќе бидат предвидени за ревакцинација.

Тој истакна дека ставот на стручниот тим е дека апсолутно нема контраиндикација за граѓани од која било возраст да се вакцинираат со вакцината на AstraZeneca.

Околу тоа дали министерот ќе се вакцинира со пристигнатите дози од AstraZeneca, тој одговори дека ќе се вакцинира кога ќе пристигне поголема доза.

– Лично сега нема да се вакцинирам, ќе почекам да стигне поголема количина на вакцини, да биде вакцинацијата лесно подостапна за сите граѓани, а тогаш кога ќе биде ќе се вакцинирам со AstraZeneca за да покажам дека овој сомнеж којшто засега го има само во таа вакцина, е апсолутно неоснован, истакна министерот. 

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Македонија

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more
 

Вести

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе