Зачини што помагаат во намалување на крвниот притисок

Високиот крвен притисок е еден од седумте најголеми фактори кои придонесуваат за срцеви заболувања.

Веројатно сте запознаени со фактот дека исхраната со малку натриум и богата со калиум е важна за намалување на крвниот притисок, но се покажува дека некои зачини можат да помогнат во тоа.

Според студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition, луѓето кои јаделе повеќе билки и зачини, особено цимет, куркума и оригано, пријавиле пониски вредности на крвниот притисок 24 часа подоцна.

Резултатот, се разбира, треба да се земе со резерва, имајќи предвид дека во студијата учествувале само 71 лице, на возраст од 30 до 75 години. Сепак, резултатите би можеле да поттикнат идни пообемни истражувања на оваа тема.

Секое од тие 71 лице имало барем еден фактор на ризик за развој на срцеви заболувања и спаѓа во категоријата на прекумерна тежина или гојазност. По 12-часовен пост им биле измерени крвниот притисок, висината, тежината, обемот на половината, шеќерот во крвта и флексибилноста на артериите. Потоа носеле апарати за мерење на крвен притисок во следните 24 часа.

Учесниците беа поделени во три групи: исхрана со малку зачини (0,5 грама на ден), умерено зачинета исхрана (3,3 грама на ден) и исхрана богата со зачини (6,6 грама на ден).

Истражувачите откриле дека исхраната богата со зачини резултирала со поздрави 24-часовни отчитувања на крвниот притисок. Холестеролот, шеќерот во крвта, артериската функција и другите категории не се промениле.

„Ефектите на билките и зачините врз намалувањето на крвниот притисок во просечната западна исхрана за мене беа изненадувачки. Ова е целосна новост“, изјави за Medical News Today една од водечките автори на студијата, Пени Крис-Етертон.

Натриумот, алкохолот и кофеинот можат да го зголемат крвниот притисок, додека калиумот, магнезиумот, калциумот, слабеењето, физичката активност и некои витамини, вклучително и фолатите и витаминот Д, го намалуваат.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе