Зад голот на голманот на Лацио се крие интересна приказна

Голманот на Лацио, Иван Проведел, е најголемиот херој на првиот натпреварувачки ден во Лигата на шампионите, бидејќи постигна гол во последните моменти за да му донесе бод на својот тим во дербито против Атлетико. Ден подоцна пристигнува интересна приказна која потврдува дека голот воопшто не бил случајност.

Иван Проведел синоќа во манир на расен стрелец во 90+5 погоди со глава за израмнување и лудило на „Олимпико“. Неговиот гол им донесе вреден бод на „Бјанкочелестите“ против мадридски Атлетико, но неговиот гол не е прв во неговата голманска кариера.

Имено, Проведел веќе имаше постигнато гол во Серија Би додека го носеше дресот на Јуве Стабија. И тогаш погоди со глава во судиското надополнување. Но, тоа исто така не е најинтересниот дел од приказната.

29-годишниот италијанскиот голман со руско потекло (мајка му е Русинка, татко му Италијанец) уште од младоста имал префинет голгетерски инстинкт. Роден и израснат во Порденоне, овој голман не ја започнал фудбалската кариера меѓу стативите. Напротив, тој бил напаѓач во младинските категории на Порденоне.

Во сезоната 2008/2009 постигна 27 гола за младинските категории на оваа екипа и со тоа го привлече вниманието кон себе, па италијански Sky Sport утринава открива дека како напаѓач бил мета на скаути на бројни поголеми италијански клубови.

Покрај во Порденоне, како напаѓач играл и во Тревизо. После тоа, решил да го промени „работното место“ и да стане голман под водство на тренерот Стефано Боцо. Така тој го започнал својот пат од аматерскиот фудбал преку Серија Чи (Пиза), Серија Би (Перуџа, Модена, Про Верчели, Емполи, Јуве Стабија), Серија А (Емполи, Специја, Лацио) до да стане херој во Лигата на шампионите.

Првиот гол во својата голманска кариера го постигна на 7 февруари 2020 година за својата Јуве Стабија во Серија Би против Асколи. Домашниот тим водеше со 2:1, а потоа во 95. минута погоди за 2:2, исто така со глава, слично како и синоќа.

URL

Интересно, синоќа имавме шанса да видиме игра со вистински бројки. Голманот роден 1994 година, висок 1,94 метри, кој на грб го носи бројот 94, постигна гол по 94 минути и 14 секунди игра. Гол во дебито во Лигата на шампионите, за голман, навистина не е лошо.

URL

Ех, само на знаел Диего Симеоне дека на голот на Лацио стои поранешен голгетер, сигурно немаше одбраната на Атлетико да го остави така да се прошета низ шестнаесетникот.

Проведел е четвртиот голман што постигнал гол во Лигата на шампионите, но само втор од игра, односно да не е пенал.

URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе