ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

Заедно со Мбапе, од ПСЖ летово во Реал доаѓа и Мбапе помладиот

Сагата за заминувањето на Килјан Мбапе од ПСЖ и неговиот трансфер во Реал Мадрид се чини дека конечно заврши и тој од 1 јули ќе стане нов играч на Кралскиот клуб.

Но, францускиот капитен нема да биде единствениот Мбапе во Реал. Имено, дресот на Реал ќе го носи и неговиот осум години помлад брат Етан.

Кога Килјан се пресели од Монако во ПСЖ во летото 2017 година, еден од условите што ги постави беше парискиот клуб да го донесе неговиот брат Етан, кој тогаш играше како 11-годишник за нисколигашот Бонди.

Помладиот Мбапе имаше вкупно 3 настапи во сениорскиот тим на ПСЖ, еден во Лига 1 и два во Купот на Франција, а над неговиот број 38 на грбот стои натписот Е. Мбапе.

Речиси седум години подоцна, дојде време Килјан да го напушти ПСЖ, а со него ќе замине и Етан.

Во суштина, приказната од 2017 година се повторува. Еден од условите за преселба на Килјан во Реал беше доаѓањето на неговиот помлад брат кој игра на позицијата централен играч за врска.

Така, од следната сезона во Реал ќе ги имаме браќата Мбапе, а шпанските медиуми најавуваат дека тие нема да бидат единствените браќа во редовите на Кралскиот клуб.

Имено, и Џуд Белингам лобира кај претседателот Флорентино Перес за доаѓањето на неговиот брат Џоб од Сандерленд.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе