Заев: Ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе и ефикасно

Предлог решението кое предвидува скратено работно време на јавната администрација во петок,е ставено на ЕНЕР. Допрва ќе се отвора дискусија по ова прашање, граѓаните  треба да го кажат своето мислење, а Владата внимателно слуша, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот инвестициски циклус во „Пивара“, Заев го сподели својот впечаток – дека граѓаните очекуваат администрацијата што ја плаќаат да работи поефикасно, а не помалку ефикасно. Тоа се, рече, и неговите очекувања.

Според него, треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата.

-Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност и ефикасност на администрацијата. Како народ, треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта, тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе – од таа продуктивност што денеска ја имаме, почнувајќи од себе, па секако, до сите работници во приватниот и во јавниот сектор. Вториот дел, ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус и мора да биде фокус. Видовме дека целиот систем со 38 отсто на работа луѓе за време на брановите на пандемијата, функционираше. Тоа само по себе кажува дека постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени. Тоа е очекувањето на граѓаните, но кога имате нешто отворено на ЕНЕР, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку граѓаните да си ги кажат своите очекувања, истакна Заев.

Тој додаде и дека кога доаѓаат барањата од граѓаните впишани во одредени програми и мерки, должност и е на Владата да ги претстави пред народот и народот да се изјасни.

-Администрацијата во 2016 година беше 165.000, а сега е 132.000. Најголем дел од администрацијата е во јавните државни или комунални општински претпријатија, без полицијата во униформа, без здравствениот систем на доктори, медицински сестри, болничари и без армијата, некаде околу 15.000 луѓе работат во министерствата, работат многу во енергетските и железничките компании, во патишта и во другите јавни претпријатија, како и во водовод, чистота, во комуналните претпријатија. Треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата. Ние продолжуваме со тој дел, истакна премиерот и потсети дека Законот за фиксно пензионирање стапува во сила од 1 јули 2022 годима, а има за цел да постигне намалување на администрацијата за нешто повеќе од 10 проценти.

Некаде, рече, ќе се пополнат местата – учителки, наставници кои треба да држат часови, а некаде – во јавни претпријатија луѓе ќе заминат во пензија без да се пополнат тие испразнети места.

-Една од најкрупните реформи која не очекува, не е само ЕУ, туку и ефикасноста, професионализацијата и експедитивноста на јавната администрација зашто тоа значи подобар економски стандард и подобра економија за сите, подвлече премиерот.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Македонија

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more
 

Вести

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе