Заев и Ципрас ја добија Меѓународната награда за мир на Вестфалија

Важноста на Договорот од Преспа, како за двете земји, така и за целиот регион, ја истакнаа премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас на свечената манифестација во Мунстер, Сојузна Германија, за доделување на Меѓународната награда за мир на Вестфалија.

Наградата за 2020 година им ја врачи претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои беа добитници една година претходно.

Премиерот Заев порача дека избрале „да остават решенија како траги зад нив, решенија за граѓаните и општествата“ како пример за лидерство на Европа, дури и кога сите тврдеа дека решението е невозможно, додека пак Ципрас истакна дека намерата била да се постигне договор што ќе трае и нема да се распадне при првата потешкотија.

На почетокот од обраќањето премиерот Заев потенцираше дека ако Договорот од Вестфалија од 1648 година беше пресвртница, бидејќи со него се развива капацитетот на Европа да се живее со верските различности, Договорот за Преспа е пресвртница за нашиот регион.

Додаде дека двете страни го прифатија компромисот како пријателство и грижа за интересите на политички партнер од другата страна, како и за сопствените интереси.

-Во текот на целиот процес, ние инсистиравме дека не зборуваме за црвени линии. Си кажавме дека црвените линии се ограничувачки. Црвените линии ве ставаат во кутија. Рековме – ние нема да го ставиме процесот во кутијата. Тоа е начинот на кој работат пријателите. Фокусирани на решенија. Градење мостови, а не sидови!, истакна Заев.

Потенцираше дека предизвиците  се шанса за решенија, дека и тој и Ципрас избрале да најдат решение без одложување.

-Кој е доблесен? Оној што едноставно го продолжува проблемот, или оној што прифаќа да го реши истиот? И јас и Алексис сме целосно свесни дека ја ставивме нашата политичка кариера во ризик. Оваа цврста определба, подготвеноста да ги жртвуваме сопствените политички кариери во име на иднината не поврза и не водеше низ процесот, порача премиерот.

Се осврна и на членството на Северна Македонија во НАТО што беше можно поради Договорот од Преспа и додаде дека е почестен што имаше можност „да го исполни сонот на многу генерации граѓани на Северна Македонија“.

Потенцираше и дека втората стратешка цел е полноправно членство во Европската унија, за тоа што „за Северна Македонија не постои алтернатива за интеграција во ЕУ“.

-Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економска корист и просперитет на сите граѓани. Сега е време да се обединиме околу фактот дека историјата е важен дел од нашите идентитети, но визијата за иднината има посебно место во нашите срца, порача премиерот на крајот од неговото обраќање, истакнувајќи дека наградата освен што е признание, истовремено е и „обврска за сите наши идни политички одлуки да бидат посветени на европските вредности и мир што немаат алтернатива“.

Поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас во своето обраќање истакна дека Меѓународната награда за мир на Вестфалија што оваа година ја дели со премиерот Заев е награда за граѓаните на двете земји кои сега соработуваат и заеднички инвестираат во иднината на двете земји и во иднината на регионот.

Ципрас додаде дека Брисел има обврска и мора да го поддржи Договорот од Преспа целосно и да ги испорача ветувањата како што Северна Македонија ги испорача сите свои обврски поврзани со процесот за интеграцијата во ЕУ.

На свечената церемонија за врачување на Меѓународната награда за мир на Вестфалија во Мунстер, претседателот на Економското друштво на Вестфалија Липе д-р Рајнхард Цинкман, градоначалникот на Мунстер Маркус Леве и претседателот на Латвија Егилс Левиц во име на претходните добитници на наградата, земјите Латвија, Естонија и Литванија, истакнаа дека Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа нешто што никој претходно не успеа и со историскиот Договор од Преспа надминаа долгогодишна криза и поставија основи за долгорочни пријателски врски меѓу двете земји и сигурност во регионот. 

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе