Заев: Нема да гласаме за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ако остане името со кое е поднесена

Нема да гласаме за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

– Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на системот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем, изјави Заев, додавајќи Уставот е донесен и треба да се почитува.

Прашан дали СДСМ ќе ја поддржи Резолуцијата што била поднесена и прифатена од претседателот на Собранието Талат Џафери со предложената формулација на името, Заев одговори дека најважно е што се согласуваат за суштината и за содржината на резолуцијата. Владата и владеачкото мнозинство, посочи Заев, истовремено ги застапуваат институциите на системот на државата и не е дозоволиво да помислат нешто што е спротивно на Уставот или Законот за ратификација на Преспанскиот договот.

Тој информира дека разговарале со најголемата опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение, при што било заклучено дека процесот треба да продолжи, но притоа мора на дневнен ред да продолжи дискусијата согласно Уставот и Законот.

– Во едни такви околности ќе се обидам да разговарам со раководството на ВМРО-ДПМНЕ или нашите министри кои комнуницираат со раководството на ВМРО, за да усогласат став за да не се пропушти можноста да застанеме заедно зад тоа што сите се согласуваме, изјави Заев, кој заедно со градоначалниците на Скопје и на Општина Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев, присуствуваше на почетокот на изградбата на клучката меѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин Поток.

Заев наведе дека ВМРО-ДПМНЕ знаеле „да направат ограда за Преспанскиот договор“, а да поддржат нешто што е важно за граѓаните.

– Мислам дека тука треба да се бара решанието. Ние ќе поддржиме текст што ВМРО-ДПМНЕ го предложи, но очекуваме флексибилност од нивна страна за да не се случи и инситуциите, не само владејачките партии, да се доведат во позиција да го кршат Уставот, изјави Заев.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе