Заев очекува масовната имунизација да почне кон крајот на месецов или почетокот на следниот

Премиерот Зоран Заев очекува кон крајот на месецов или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава. Кон крајот на месецов, како што денеска изјави, се очекуваат првите количини преку КОВАКС системот, а следната недела и вторите дози од руската вакцина Спутник со која се вакцинираат здравствените работници.

На 30 овој месец во земјава треба да допатува и кинескиот министер за одбрана кој најверојатно ќе даде и попрецизна информација кога ќе пристигнат кинеските вакцини.

– Она што го знаеме по сите информации е дека на крајот на март ги очекуваме првите количини од КОВАКС системот. На 30-ти доаѓа министерот за одбрана на Кина и веруваме дека ќе донесе попрецизна информација кога ќе стигнат и кинеските вакцини. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од Спутник кои се користат за здравствените работници, изјави Заев по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Покрај здравствените домови и здравствените установи каде може да се врши имунизација, се подготвуваат и дополнителни објекти со цел побрзо да се спроведе масовната имунизација на населението.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека очекува солидарност за вакцините пред сè, од Европската унија.

– Знам дека комесарот Вархеи прави максимални напори, знам дека легнаа на сметка одредени пари со кои треба да платиме. Тоа се донации, европски пари. Не ги знам деталите,  соодветните министри ќе ги соопштат, но знам дека прават сè, рече Заев.

САД, како што додаде, можеа од 850 илјади вакцини, дневно да одвојат две илјади вакцини или 20 илјади за регионот којшто не е во ЕУ, а е кандидат за членство. Србија се снајде и со своите позиции – НАТО неутрална, направи чекори порано. Ние сите други направивме чекори подоцна и денес сме во иста ситуација. Но, во сложена и комплицирана ситуација се и САД и земјите членки на ЕУ. Буквално и таму атмосферата е иста додека трае процесот на вакцинација, подвлече Заев. 

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе