Заев: Оставките не се верификувани, БЕСА сè уште е дел од Владата

Оставките на функционерите на Движењето БЕСА сè уште не се верификувани, што априори значи дека тие сè уште се дел од Владата, изјави премиерот Зоран Заев.

– Нормално дека БЕСА е дел од Владата. Собранието ја нема констатирано оставката на министерот Арјанит Хоџа, ниту пак на другите раководни лица од БЕСА. Затоа и логично е да каже дека се дел од Влада, изјави Заев.

Дека БЕСА се уште е дел од Владата, смета и пратеникот Кастриот Реџепи, кој не се појави на собраниската седница на 11 ноември за гласање доверба на Владата.

– Движењето БЕСА не е излезено од Владата, бидејќи нема одлука. Ниту се влегува во Влада, ниту се излегува со изјава, прес или Facebook статус. Јас сум потпретседател на БЕСА и знам кој е органот што одлучува. Исклучување на коалиции врши Централниот одбор, кога ќе реши Централниот одбор дека Движењето БЕСА не е дел од мнозинстото, тогаш и јас како член на БЕСА треба да размислам за да ја почитувам таа одлука. Во моментот, органот што има мандат да решава е Централниот одбор, и движењето БЕСА е во владината коалиција, изјави вчера Реџепи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Собранието.

Оставки од функциите на 12 ноември поднесоа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа заедно до двајцата заменици-министри од движењето Беса.

Оставките, како што изјави тогаш Хоџа, ги поднеле како морален чин и почитување на органите на движењето Беса.

– Поднесувам оставка од функцијата министер заедно со двајцата заменици министри бидејќи не можеме да го идентификуваме нашето политичко дејствување како движење БЕСА со коалиционен партнер за кој јасно се гледа дека го користи секое недемократско дејствување со единствена цел да остане на власт. Ако во 2016 година беше соборен режим, а другиот дел од режимот не беше соборен, туку доби шанса да се реформира, денес после пет години, се докажа дека не само што не се реформирани, туку ги усовршиле своите методи на класичен режим, изјави Хоџа.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Македонија

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more
 

Вести

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Читај повеќе

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово“

Читај повеќе

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе