Загадениот воздух е ризик фактор за болна менструација

Жените изложени на штетен смог имаат до 33 пати поголема веројатност да страдаат од тешки грчеви за време на менструацијата, открива најнова студија.

Познато е дека загадувањето на воздухот е поврзано со низа здравствени проблеми, од рак на белите дробови до срцеви заболувања. Истражувањето сега откри дека изложеноста на високо ниво на смог може да го зголеми ризикот од болна менструација кај жените.

Научниците од Кинеската едицинска универзитетска болница во Тајван покажаа дека долгорочното изложување на загадувачи на воздух може значително да го зголеми ризикот од дисменореа - чести силни и болни грчеви кај жените.

Дисменорејата е најчеста од сите гинеколошки нарушувања и е поврзана со грчеви и болка во долниот дел на стомакот пред или за време на менструацијата.

Нивното истражување покажа дека жените кои живеат во области со најголемо ниво на загадувачи на воздухот имаат 33 пати поголема веројатност да имаат поголема болка отколку оние што живеат во области со пониско ниво на загадување.

Националниот институт за здравство (NICE) објаснува: „Дисменореата е честа. Стапките на преваленца варираат во литературата и се движат од 16-91 проценти кај жени во репродуктивна возраст“.

Оваа состојба може да се должи на хормонална нерамнотежа или може да биде поврзана со други основни гинеколошки состојби како што се ендометриоза, миом или воспалително заболување на карлицата.

Иако не постои специфичен лек за дисменореа, нејзините симптоми може да се третираат со антиинфламаторни лекови.

Помладите жени во опасност

Сега, за првпат, откриен е уште еден важен фактор што може да влијае на развојот на дисменореа: квалитетот на воздухот, особено долгорочното изложување на загадување.

Тимот анализираше податоци од 296.078 жени на возраст од 16-55 години во Тајван, без евиденција за дисменореа пред 2000 година. Времето на изложеност на загадувачи на воздухот, вклучувајќи азотен оксид, азот диоксид, јаглерод моноксид и ПМ2,5, беше земено во предвид, засновано на нивната адреса.

Анализата открива дека од 2000 до 2013 година, 4,2 проценти од жените биле дијагностицирани со дисменореа.

Како што се очекуваше од претходните студии, помладите жени, жените со пониски примања и оние кои живеат во поурбанизирани области имаа поголем ризик од развој на дисменореа.

Сепак, податоците исто така откриваат дека жените кои живеат во области со најголемо ниво на загадување на воздухот имаат 16,7-31,1 пати поголем ризик од дисменореа отколку жените што живеат во области со најмало изложување.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе