Загинаа двајца глумци од новата серија The Chosen One на Netflix

Комбето кое ја превезувало екипата на серијата „The Chosen One“ на Netflix учествувало во сообраќајна несреќа во која загинале двајца актери, а шестмина се повредени. Тажната вест ја потврди и самиот Netflix, објавувајќи дека снимањето на серијата е паузирано.

Актерите Рајмундо Гардуњо Крус и Хуан Франсиско Гонсалес Агилар загинаа од повредите здобиени во сообраќајна несреќа на полуостровот Јужна Долна Калифорнија во истоимената сојузна држава во Мексико.

„Со жалење потврдуваме дека двајца актери загинаа по трагичната несреќа на пат од Санта Росалија до локалниот аеродром“, се вели во соопштението. „Уште шестмина од нив се повредени, но се во стабилна состојба. Во тек е истрага за причините за несреќата, а продукцијата е прекината на неколку дена поради почит кон жртвите. Нашите мисли се со нив и нивните семејства“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ray Garduño (@raygarduno12)

Медиумите објавија дека комбето се превртело откако излетало од патот во пустинска област додека екипата патувала за Санта Росалија, каде се снима серијата.

Споменатите актери загинале на местото на настанот, а идентитетот на останатите шестмина повредени сѐ уште не е познат.

Инаку, серијата „The Chosen One“ е адаптација на стрип на Марк Милар и Питер Грос, а според описот на Netflix, заплетот се врти околу 12-годишно момче кое дознава дека е предодреден за Христовото доаѓање и спасување на човештвото.

Серијата почна да се снима во април во Мексико, а датумот на прикажување сѐ уште не е потврден.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе