Загрижувачки знак за заболување на црниот дроб може да се забележи при четкање коса

Секој проблем со црниот дроб може да биде опасен со оглед на важната улога на овој орган во човечкото тело. Затоа, важно е да се обрне внимание на сите симптоми кои можат да сигнализираат потенцијална опасност.

Црниот дроб секој ден извршува бројни функции во телото, па затоа е клучно дополнително да внимавате како го третирате. Еден од знаците дека вашиот црн дроб е оштетен може да се открие додека ја четкате косата.

Имено, следниот пат кога ќе земете чешел или четка, обрнете внимание на количината на влакна што паѓаат. Американската Национална здравствена служба (НХС) наведува дека ова е еден од предупредувачките знаци дека имате проблеми со црниот дроб.

Важно е да се истакне дека секој проблем со црниот дроб може да биде опасен. Ако црниот дроб премногу се оштети, може да пропадне, што може да биде фатално.

Заболувањето на замастен црн дроб е една состојба која може да предизвика сериозно оштетување на црниот дроб. Во почетните фази често не се манифестира со никакви симптоми и може да остане незабележано со години. Меѓутоа, колку подолго трае, толку повеќе се оштетува црниот дроб.

Четвртата и последна фаза на заболување на замастен црн дроб е позната како цироза. Цирозата се јавува по долгогодишно воспаление, оставајќи го црниот дроб со лузни. Исто така, цирозата може да предизвика широк спектар на симптоми, од кои некои можеби не се очигледни. Еден таков симптом ќе биде забележлив при четкање или миење на косата.

Други знаци на цироза вклучуваат: замор и слабост, осетливост или болка во пределот на црниот дроб, мали крвни капилари во кожата над половината, чешање, губење на апетит и тежина, чувство на болест и повраќање, чести крварења од носот, модринки на телото, пожолтување на кожа, тремор и треска и отекување на нозете, зглобовите и стапалата поради акумулација на течност.

„Можете да забележите и промени во вашата личност, проблеми со спиењето (несоница), губење на меморијата, конфузија и тешкотии со концентрирање. Ова е познато како енцефалопатија и се јавува кога токсините влијаат на вашиот мозок бидејќи вашиот црн дроб не може да ги отстрани од вашето тело“, наведува НХС.

Тагови
реклама

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе