Закерберг, фала ти многу: Рекламите доаѓаат и на профилите на Instagram

Корисниците на Instagram наскоро ќе гледаат реклами во делот Explore, како и на корисничките профили.

Мислите дека Instagram има премногу реклами? Се чини дека овој проблем допрва ќе се влошува, бидејќи компанијата Meta донесе многу непопуларна одлука - вметнува реклами во делот Explore, како и на корисничките профили.

Досега корисниците можеа да гледаат реклами помеѓу обичните објави, објавите на Story и на Reels, но според новата одлука на компанијата, рекламите сега може да се најдат во самиот дел Explore.

Дополнително, а можеби и најважно, Instagram додава реклами во Feed-от на корисничките профили. Во минатото рекламите не се поставуваа на корисничките профили, но компанијата сега одлучи да им ги покаже на своите корисници додека скролаат низ објавите на некој профил.

Instagram исто така им овозможи на огласувачите да поставуваат интерактивни AR реклами, така што корисниците наскоро ќе можат да ги видат првите реклами во проширена реалност што ќе ја користат камерата на паметниот телефон.

Нема сомнеж дека корисниците нема да бидат пресреќни за оваа одлука. По одлуката на компанијата да го копира изгледот на платформата TikTok, масовните поплаки од корисниците го принудија Instagram да ја повлече оваа одлука.

Несомнено е дека финансиските проблеми ја принудија компанијата да ја донесе оваа одлука. Во вториот квартал Facebook го забележа првиот пад на приходите во последните 10 години, а основачот Марк Закерберг испадна од листата на 10-те најбогати луѓе во светот.

Тагови
реклама

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе