Захариева: Бугарија во моментов не може да се согласи на старт на преговорите за членство

Во моментов Бугарија не може да се согласи на започнување на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, изјави бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева за софиската телевизија БТВ.

Таа потенцира дека Бугарија ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но нагласи дека бугарската поддршката за Северна Македонија „никогаш не била безусловна“.

– Постои Договор за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во 2017 година, но одредбите не се спроведуваат. Во Скопје се обидуваат да избегаат од тоа, изјави Захариева, додавајќи дека во последните месеци Бугарија неколку пати најавила дека е можно да не ја одобри првата меѓувладина конференција или преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Запрашана дали е можна промена на ставот на Бугарија околу стартот на преговорите под надворешен притисок, Захариева е категорична дека „тоа нема да се случи“, потенцирајќи дека бугарската Влада е единствена по прашањето за Северна Македонија.

Таа нагласи дека е потребна добра волја за спроведување на Договорот за добрососедство, истакнувајќи дека „непризнавањето на историската вистина води до доста сериозни проблеми во односите меѓу двете земји“.

– И покрај шпекулациите, ние немаме никакви претензии за тоа како да се определат нејзините граѓани и нивниот јазик. Договорот предвидува дека имаме заедничка историја, вели Захариева, додавајќи дека Бугарија има заедничка историја и со земји како Грција и Турција, но дека таа се разликува од заедничката историја со Република Северна Македонија.

реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе