Захариева: Има напредок, но сѐ уште не сме подготвени да ја одобриме рамката за преговори

Во Берлин беше постигнат одреден напредок во однос на отворените прашања, но сѐ уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за Македонија. Ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси, кои ќе продолжат да водат кон антибугарска кампања, ова е ставот на бугарската Влада, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, јавија бугарските медиуми.

– Јасно е наведено дека добрососедските односи и договорот со Бугарија мора да се почитуваат. Во последната година и повеќе од една година сме сведоци на екстремно и систематско непочитување на овој договор. Не зборувам само за историската комисија. Има забелешки за напредокот на Коридорот 8, имаме случаи во кои се создаваат административни бариери за бугарските инвеститори, неподготвеност на Македонија да се придржува до формулата за јазик во договорот. Заедничката историска комисија не работеше речиси една година. Бугарија смета дека тоа темпо не е доволно, вели Захариева.

Поголемиот проблем на Бугарија, додава таа, е што историските личности, за кои е постигнат договор, не се објавени јавно и договореното не се рефлектира во учебниците, на музејските експонати, бидејќи единствената цел е да се елиминира говорот на омраза. Додава дека нема начин како да се постигне тоа ако поединците останат само на хартија во комисијата. Тоа не е следниот чекор за Бугарија, вели таа и додава дека тоа е важно прашање.

– Слушнавме многу обвинувања дека Бугарија не ја признава реалноста. Напротив, ние ја препознаваме реалноста само со фактот дека ние први го признавме постоењето на државата Македонија. Ова е една од многу важните црвени линии на Бугарија во врска со спроведувањето на договорот, рече Захариева.

Таа појаснува дка има одреден напредок во однос на отворените прашања во Берлин за Македонија како што е користењето на краткото име на С. Македонија.

– Користејќи го краткото име за Бугарија е важно да се изјаснат дека тоа не води до географскиот дел на Бугарија, дека не е поврзано со територијални или малцински претензии. Македонија вети дека ќе го објави ова. Што се однесува до јазикот, повторивме дека постојат две опции или употребата на верзијата за 2017 година, мислам дека имавме и прилично голема конвергенција на позициите во Берлин. Досега, сепак, сè уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за Македонија, но работиме и активно со германското претседателство, рече Захариева.

Според неа Софија работи на тоа да ги рефлектира преостанатите барања на Бугарија во рамката за преговори, кои се поврзани со гаранции со одобрување на акционен план за спроведување на договорот од 2017 година, јасна декларација во рамката за преговори и еднострано, вели, од страна на Македонија дека тврдењата на малцинствата нема да бидат поддржани од страна на државните институции.

– Сфаќајќи ја одговорноста, позицијата и на премиерот и на бугарската Влада е многу јасна. Тоа е: ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси што ќе продолжат да водат кон антибугарска кампања. Не можеме да прифатиме во ЕУ и тешко е целата ЕУ да има отворени прашања. Не сите членки на ЕУ го одобруваат проширувањето. Да, се согласувам со моите колеги од Скопје дека никој нема право да утврди како граѓанин може да се самоопредели, но истото важи и за бугарските граѓани. Нема шанси некој да каже дека овој јазик е различен од нашиот, па затоа ја најдовме формулата во 2017 година. Благодарност на германското претседателство за посветеноста и иницијативата, но сè уште не сме стигнале до точка да кажеме „Да“, рече Захариева и истакна дека би била голема штета Скопје да ја испушти оваа можност.

Захариева вчера во Берлин имаше средба со вицепремиеропт за европски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи на покана министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас и државниот министер за Европа Михаел Рот.

реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе