Захарова ја спореди фотографијата на Вучиќ и Трамп со сцена од „Basic Instinct“, остра реакција од Србија

МИА / КАЈГАНА
/ 06.09.2020 / 16:21

По посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Вашингтон и средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Захарова на својот Facebook профил објави фотографија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Белата куќа, како седи на столче наспроти работната маса на Доналд Трамп, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Basic Instinct“.

– Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седите како на фотографијата бр. 2, кој и да сте. Верувајте ми!, напиша Захарова.

Српскиот претседател, кој е во Брисел, остро реагираше на овој коментар на Захарова.

– Марија Захарова најмногу говори за себе. Примитивизмот и вулгарноста зборуваат за неа, како и на оние кои тука ја поставија, рече Вучиќ.

Тој истакна дека не е во состојба да објасни нечиј примитивизам.

– Замислете, дојдов во Белата куќа, тогаш ви кажуваат да одите во Овалната соба и тоа е посебна чест. Дојден е највисокиот врв на САД, ве носат на билатерален разговор. Трамп седи во фотелја, а мене ми носат столче на кое седам спроти него. Не фантазирам ниту за ниски страсти, ниту за столчиња. Проблемите со своите соништа решавајте ги како што сакате. Седев на тоа столче за да го подигнам угледот на Србија, рече претседателот на Србија и додаде:

– Можев да стојам, исто така можев и да клекнам. Што е важно. Претпоставувам дека е важно колку болници ќе изградиме, пруги.., додаде Вучиќ.

Објавата на Facebook на Захарова беше искоментирана и од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

– И замисли тој претседател не рече ниту еден грд збор против Русија, дури ни на тоа место. И замислете дека тој претседател чекаше и по еден час на приемот на рускиот претседател и никогаш не побара специјален стол. Не ви дозволувам да ги напаѓате гордите Срби. Срам да ви е, напиша Ѓуриќ на Twitter.

URL

Министерот за одбрана, Александар Вулин, оцени дека Захарова ги навредила сите оние што ги бранат Русија и Србија.

– Захарова ги навреди сите кои ги браниме и Русија и Србија на потешки места од нејзините објави на Facebook. Денес, непријателите на Србија и Русија се воодушевени од ситната злоба на Захарова за која ќе се срами, реагираше Вулин.

„Basic Instinct“, или познат кај нас како „Ниски страсти“, е еротски трилер од 1992 година со Шерон Стоун и Мајкл Даглас во главните улоги. Остана запаметен по една култна сцена:

Remote video URL
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе