Запалени еврејските гробишта во Виена

Макфакс
/ 02.11.2023 / 14:54

Запален е еврејскиот дел од гробиштата во Виена, а нацртани се и кукасти крстови, изјави лидерот на еврејската заедница во тој град, Оскар Дојч.

„Во текот на ноќта беше опожарен еврејскиот дел од централните гробишта. Уништени се делови од нив, но нема повредени. Полицијата и пожарникарите ги утврдуваат околностите на пожарот“, напиша Дојч на социјалните мрежи, осврнувајќи се на инцидентот што се случи ноќта меѓу вторникот и средата.

Фотографиите што ги сподели покажуваат јагленисани остатоци  и свастики нацртани со флуоресцентна боја на надворешниот ѕид.

URL

Од виенската полиција потврдија дека истрагата е во тек, а истата ја води австриската Канцеларија за заштита на Уставот.

Иако надлежните најавија дека причините за пожарот не се прецизно дефинирани, локалните медиуми јавуваат дека се претпоставува дека станува збор за подметнување пожар.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер „остро“ го осуди инцидентот, велејќи дека на антисемитизмот нема место во австриското општество и дека државата ќе се бори против него со сите политички и правни средства.

Тој изрази надеж дека сторителите брзо ќе бидат откриени и казнети.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе