Записи од „Општата теорија на релативноста“ на Ајнштајн ставени на аукција

МИА / КАЈГАНА
/ 02.09.2021 / 10:38

Еден од работните записи на Алберт Ајнштајн за „Општата теорија на релативноста“, проценет на 2 до 3 милиони евра, ќе биде понуден на аукција, соопшти вчера аукциската куќа Christie's.

„Ова е, несомнено, највредниот ракопис на Ајнштајн, којшто некогаш бил понуден на аукција“, се вели во соопштението.

Наддавањето ќе се одржи на 23 ноември. Станува збор за оригинален ракопис на 54 страници, составен во Цирих, Швајцарија, 1913 и 1914 година, од познатиот физичар и неговиот соработник и пријател Мишел Бесо – швајцарско-италијански инженер, исто така со еврејско потекло. Благодарение на Бесо, ракописот е зачуван, бидејќи Ајнштајн, кој го сметал за обичен работен ракопис, немал намера да му посветува внимание, според Christie's.

По основната „Теорија на релативноста“ од 1905 година (со формулата Е = mc²), Ајнштајн vo 1912 година почнал да работи на „Општа теорија на релативноста“. Ајнштајн и Бесо се справиле со проблеми што ја мачеле научната заедница со десетлетија – аномалии во орбитата на Меркур, и тие успеале да ја решат таа загатка, потсетува Christie's.

Друг добро познат документ од тој период, познат како „Бележникот од Цирих“, од крајот на 1912 и почетокот на 1913 година, денес е во архивата на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, Израел.

реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе