Škoda вложи 110 милиони евра во унапредување на погонот во кој се изработува Fabia од четвртата генерација.
Два месеци по светската премиера, во погонот во Чешка започна производството на новата Škoda Fabia.
Fabia по првпат е базирана на MQB-A0 механичка платформа на Volkswagen групацијата.
За разлика од претходната генерација, новата генерација има напреден систем за асистенција на возачот, комфорност и нов изглед.
Fabia е најпродаван модел на Škoda, по Octavia. Од 1999 година се испорачани 4,5 милиони автомобили.
Во производството на новата 4 генерација се вложени дополнителни 110 милиони евра.
Новата Fabia e попространа и поелегантна за разлика од претходната. На купувачите ќе им бидат на располагање две бои на каросеријата Orange Sunset и Graphite Grey.
Ja движи 3-цилиндричен 1.0 атмосферски мотор со 65 КС или 80 КС и максимален вртежен момент од 93 Nm.
На располагање е и модел со 110 коњски сили и 200 Nm, a на врвот на понудата е 4-цилиндричен 1.5 TSI кој испорачува 150 коњски сили и 250 Nm. Од 0 до 100 км/час забрзува за само 7,9 секунди.