Зелен Хуман Град со реакција на асфалтирањето на патеките во Градски парк Скопје

По објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк, Зелен Хуман Град соопшти дека испратен е официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ – Скопје во кој се бара Град Скопје веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што локалната самоуправа ги изработува, „а се платени од нашите јавни пари!“.

Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади“, посочуваат од ЗХГ.

„Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води“ е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г.

Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии, наведуваат од ЗХГ.

„Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани. Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје“, апелираат оттаму ги наведуваат следните линкови до студии, анализи и истражувања:

1. ЛЕАП 3 на Град Скопје (2020-2026)

https://skopje.gov.mk/media/6058/leap-2020-2026.pdf

2. Урбани топлински острови во Скопје (дек. 2018 г.)

https://zivotnasredina.skopje.gov.mk/.../UHI-Skopje...

3. Стратегија за отпорно Скопје (фев. 2017 г.)

https://skopje.gov.mk/.../otporno-skopje-startegija-mkd.pdf

4. Студија за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје (фев. 2015 г.)

https://skopje.gov.mk/.../studija-za-ozelenuvanje-i...

5. Истражување

Evaluating the roles of green and built-up areas in reducing a surface urban heat island using remote sensing data (окт. 2019 г.)

https://urbaniizziv.uirs.si/.../urbani-izziv-en-2019-30...

6. Информации од истражувања поврзани со Универзитетот МИТ за типови на материјали кои се користат за патеки и улици  (2021 г.)

https://news.mit.edu/.../countering-climate-change-cool...

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе