Зеленски почна да зборува за повлекување на украинската војска

Макфакс
/ 17.11.2023 / 14:47

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, призна дека украинската армија ќе мора да се повлече доколку западните сојузници престанат да испраќаат помош за Киев, пишува Bloomberg.

„Сега сум фокусиран на тоа да добијам помош од Западот. Нивниот фокус се менува поради ситуацијата на Блискиот Исток и други причини. Без нивна поддршка ќе се повлечеме“, рече Зеленски на средбата со претставниците на странските медиуми.

Како што истакна, по влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток, Украина почнала да добива помалку гранати во калибар од 155 мм.

Bloomberg пишува и дека во текот на оваа недела украинскиот лидер ги убедил западните сојузници дека неговата војска ќе може да се подготви за борби оваа зима.

Западните медиуми сѐ почесто пишуваат дека САД и ЕУ почнале да се заморуваат од украинскиот конфликт и дека поддршката за режимот Зеленски се намалува.

Според NBC, американските и европските претставници веќе разговараат со Киев за можните последици од мировните преговори со Русија, вклучително и дискусии за тоа што Украина би можела да мора да се откаже за да постигне договор.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе