Зеленски: Русија испраќа убијци од Сирија во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија најмува „убијци“ од Сирија за да се борат во Украина, откако Москва рече дека на борците од земјата разурната од војна ќе им биде дозволено да им се придружат на нејзините сили.

– Ова е војна со многу тврдоглав непријател… кој одлучи да користи платеници против нашите граѓани. Убијци од Сирија - земја во која сè е уништенож… како што прават овде со нас, рече тој во видео обраќање објавено на Телеграм.

Зеленски рече дека Европската Унија „треба да направи повеќе“ за неговата земја која е во проблеми, еден ден откако лидерите на ЕУ ги урнаа нејзините надежи за брзо приклучување кон Унијата.

– Европската Унија мора да направи повеќе. Мора да направи повеќе за нас, за Украина, повика тој. „Одлуките на политичарите мора да се совпаѓаат со чувствата на нивните народи“.

– Вчера беше многу важен состанок на лидерите на ЕУ, долг и значаен. Знаеме што кажаа сите лидери на оваа средба, кои зборуваа конкретно, кои нѐ поддржаа, кои молчеа и кои се обидоа да убедат дека формулацијата сè уште е недоволна за Украина, за Европа и за нашата заедничка слобода. Како ја оценуваме донесената одлука? Таа мора да биде покатегорична. Тоа е она што го чекаме, рече тој.

Според него, огромното мнозинство граѓани на ЕУ се на мислење дека Украина треба да стане дел од Европската Унија. „Европејците се свесни за тоа. Одлуката од вчерашната средба на лидерите на ЕУ сега ќе ја разгледува и Европската комисија. За спроведување, за конкретни процедури, ЕУ мора да направи повеќе за нас, за Украина и за себе. Го чекаме тоа“, нагласи Зеленски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе