Зеленски се надева дека наскоро ќе се одреди датумот на мировниот самит во Швајцарија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека тој и швајцарската претседателка Виола Амхерд за неколку дена ќе одредат датум за светски мировен самит во Швајцарија, на кој треба да присуствуваат од 80 до 100 земји.

Киев претходно предложи одржување на светски мировен самит, но рече дека Русија нема да биде поканета, додека официјална Москва рече дека таков самит ќе биде бесмислен без нејзино учество.

Во телевизиско интервју емитувано во саботата, Зеленски рече дека тој и швајцарската претседателка ќе треба да се договорат за датум и потоа да испратат покани до светските лидери.

„Очекуваме да имаме од 80 до 100 земји. Ова е бројот на земји, верувам, кои ќе можат барем да се обидат да ја натераат Русија на фер мир“, рече тој.

Сè уште немаат конкретна листа на земји

Во интервјуто, снимено за време на посетата на регионот Черниговски, Зеленски рече дека тие сè уште немаат конкретен список на земји.

„Ќе се договориме за ова во наредните денови. Се надевам за неколку дена, а не недели“, рече Зеленски.

Запрашан за улогата на Турција, Зеленски рече дека е благодарен на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за неговата поддршка и подготвеност да посредува, нагласувајќи дека Турција има и други интереси и силни односи со Русија.

„Турција како посредник не ни е доволна“, рече Зеленски, додавајќи дека форматот на самитот ќе биде многу сложен, со оглед на многуте интереси на многуте земји вклучени на самитот, вклучително и историските и современите односи со Русија и Европа.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе