Земјата која е најподготвена за војна со Русија: Обучени сме за ова

Ако се исполнат најлошите стравувања на Европа, конфликтот во Украина да се прошири на останатите руски соседи, Финска ќе биде подготвена, пишува Financial Times.

Финска има залихи најмалку за 6 месеци од сите важни горива и житарки во стратешки резерви, додека фармацевтските компании се должни да имаат залихи од сите увезени лекови за период од 3 месеци до 10 месеци.

Има цивилна одбрана, сите големи згради мора да имаат нуклеарни скривници. Останатото население може да ги користи подземните паркинзи и простори кои се подготвени за претворање во центри за евакуација.

Има и борци. Скоро третина од возрасното население се резервисти, што значи дека Финска може да ја користи една од најголемите армии во однос на својата големина во Европа.

„Нашето општество е подготвено и за оваа ситуација се обучуваме уште од Втората светска војна“, вели Тити Тупуринен, фински министер во ЕУ.

По осум децении првин во сенка на Советскиот Сојуз, а сега и на Русија, опасноста од војна во Европа не ја изненади Финска. Но, тоа што оваа земја го нарекува стратегија за „сеопфатна безбедност“ е пример како сите земји можат да создадат ригорозни системи за заштита на своите општества однапред не само од потенцијален конфликт со друга земја, туку и од природни катастрофи, пандемија или сајбер напади.

Не станува збор само за воена опасност, туку и за сигурност дека законите и правилата ќе функционираат и во време на криза. Со својата граница од 1.340 км колку што ја дели со Русија, Финска е многу ранлива на напади и првпат во историјата повеќето Финци поддржуваат поднесување барања за членство во НАТО.

Но, земјата од 5.5 милиони жители исто така гледа потреба да ја одржи и унапреди својата национална стратегија. Голем дел од подготвеноста на Финска произлегува од нивната сопствена војна со Москва, Зимската војна (1939 – 1940).

„Не сме заборавиле, тоа е во нашата ДНК“, вели претседателот Саули Нинисте, укажувајќи на анкетите кои покажуваат дека околу три четвртини од Финците се спремни да се борат за својата земја.

Финска има воена сила од околу 280.000 луѓе и 900.000 обучени резервисти. Дури и по завршувањето на Зимската војна продолжи да ги регрутира сите мажи кои го завршиле своето образование.

Тагови
реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Живот

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе