Зенделовски ги дрибла и ФФМ и Албанија

Филип Здравески
/ 13.03.2024 / 15:12

Играше за Македонија, па го викна Албанија, па се премисли да остане кај Македонија со напомена да остане во контакт со албанскиот селектор.

Адриан Зенделовски е 19-годишен играч од средниот ред кој игра во Шведска. Играше за младинските репрезентации на Македонија до 17 и 18 години, а сега е дел од У19 репрезентацијата која се пласираше во Елитната рунда на квалификации за Европското првенство.

Помеѓу двете квалификациски рунди, Адриан добил покана да игра за У21 репрезентацијата на Албанија. Албанските медиуми објавија дека му дал согласност на селекторот Албан Буши, по што ФШФ (Фудбалска федерација на Албанија) отпочнала процедура за комплетирање на потребната документација за промена на репрезентација кај УЕФА, но набргу ја стопирала оти Адриан се премислил.

Денеска албанските медиуми објавија дека Зенделовски ја издриблал Албанија оти сега сакал да игра за Македонија во Елитната рунда на квалификации за пласман на ЕУРО 2024, каде Албанија беше елиминирана во првата фаза. Тој веќе се најде на списокот кој селекторот Тони Јакимоски го објави синоќа.

Но, Зенделовски потоа има во план да ја издрибла и Македонија оти, како што пренесуваат албанските медиуми „му рекол на Буши да останат во контакт бидејќи мисли дека во иднина ќе ја претставува Албанија“.

Македонија У19 во Елитната рунда квалификации е во група со Швајцарија, Украина и Латвија. Натпреварите почнуваат наредната среда кога Македонија отвора против Украина на 20-ти од 14 часот на терените на ФФМ во Ново Лисиче. Три дена подоцна играме со Швајцарија, а на 26 март со Латвија, исто од 14 часот на терените на ФФМ.

Претходно од репрезентацијата се откажа Фета Фетаи, кој играше во првата фаза од квалификациите. Тој ја прифати поканата од Албанија без да дрибла.

Зенделовски во првата фаза го постигна голот за 1:1 против Казахстан, бод со кој завршивме втори во групата зад Германија, а пред Полска и Казахстан.

Remote video URL
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе