Зголемен бројот на оздравени од COVID-19, намален бројот на хоспитализирани

Според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се 3.803 оздравени пациенти. Тоа е најголем број регистирирани оздравени пациенти од COVID-19 за еден ден досега. Регистрирани се и 123 нови случаи со COVID-19 и 17 починати.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројот на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а на активни случаи изнесува 6.257 од кои 2650 во Скопје.

Се намалува и бројот на хоспитализирани на инфективните одделенија во државава. Вкупно се лекуваат 638 пациенти со COVID-19 од кои 262 во Скопје.

Вакцинацијата против COVID-19 во државава се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера, вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 лице.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот Facebook профил објави дека желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изразиле 330.513 граѓани.

– Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, напиша Филипче.

 

Поради намалениот број на пациенти со COVID-19 веќе се затворени ковид – центрите на клиниките за гастроентерохепатологија, кардиологија, за ОРЛ, за очни Болести и Институтот за Физикална терапија. Од почетокот на неделава, како што информираа од Министерството за здравство, без ковид пациенти се и клиниките за урологија и Пластична хирургија кои веќе почаа со редовен хируршки програм.

Од Министерството посочија дека утре ќе се затвори и ковид – центарот на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ, а од понеделник клиниките за ортопедија и за трауматологија почнуваат со редовен хируршки програм.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе